ТХП: Со кандидат кој ќе ги етаблира вредностите на соживот успехот ќе биде неминовен

Сподели

Партијата за Движење на Турците го прифаќаат ставот на коалицијата предводена од СДСМ за заеднички претседателски кандидат, соопштија од партијата.

– Времето на поларизации и поделби е веќе минато и веруваме дека со кандидат кој ќе ги етаблира вредностите на соживот успехот ќе биде неминовен – велат од Партијата за Движење на Турците.