„ТОА Е ШТО Е“ Изложба на Ана Трајковска „На Струга дуќан“

Сподели
 
„ТОА Е ШТО Е“ ,Изложба на Ана Трајковска, Изложбата ќе биде поставена во локалот „На Струга дуќан“. Отварањето е од 18.00 Ч, 8 јули.
 
Aна Трајковска е родена 1995 година во Скопје, Р. Северна Македонија.
 
Дипломиран графичар во класата на проф. М-р. Зоран Јакимовски, отсек графика со модул конзервација и реставарција. Магистрира на истиот факултет во 2021г. кај проф. Зоран Јакимовски, смер графика.
Главно насочена кон графиката како медиум и различните можности кои може да ги даде, експериментирајќи се обидува да пронајде нов начин на визуелно комуницирање применувајќи ја оваа техника, и интегрирајќи со други медиуми и визуелни форми, трагајќи по начини да ја оддалечи од нејзиното традиционално восприемање.
 
Таа има освоено награда од ДЛУМ за изложбата ,,Нови енергии” 2021, добитник на награда за најдобра графика од Агенција за млади и спорт на Р. Северна Македонија. Oва ќе и биде 5та самостојна изложба.