Тоа на “М” денеска повторно во Апелација

Сподели

Денеска Апелацискиот суд во Скопје ќе одлучува по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на СЈО за набавката на луксузниот мерцедец, вреден 600 илјади евра.

За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски е осуден на шест години и шест месеци затвор.

Во Кривичниот суд во Скопје, денеска ќе се одржи и ново рочиште во раздвоената постапка против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за истиот предмет.

Јанкулоска наведе дека иако постапката се одвива во сложени услови, како издвоена од предмет за кој веќе има донесена одлука, сепак ќе ги побијат тврдењата дека со набавката се исполнувани нечии „лични желби“ и ќе докажат дека набавката е согласно стандардите за работа на Министерството.