Во кривичниот суд за денеска е закажано првото судско рочиште во кое обвинети се експремиерот Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во случајот на СЈО „Тенк“, за набавката на лускузниот „мерцедес“.
„Во конкретниот случај, постои основано сомнение дека за да ја исполнат желбата на тогашниот премиер за набавка на специјален тип патничко моторно возило, првоосомничената го поттикнала второосомничениот да ја искористи својата службена положба и овластувања и при вршење јавни набавки, незаконски да повласти, односно да фаворизира определен економскиот оператор и да се набави возило од тој тип“, стои во соопштението од СЈО.