Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, соопшти дека Томас Босерт ќе биде негов советник за безбедност за прашања поврзани со борбата против тероризмот на домашен и на меѓународен план.
Трамп потврди дека Босерт, кој во администрацијата на Џорџ Буш Помладиот беше советник за национална безбедност, сега ќе биде советник за национална безбедност и за антитероризам.
– Тој ја разбира сложеноста на националната безбедност, антитероризмот и на прашањата од кибернетичката безбедност. Ќе биде непроценлив член на нашата администрација – рече Трамп.
Босерт од 2009 година поседува консултантска куќа за прашања од безбедноста.