Традиционален концерт за Василица во НОБ

Сподели

Традиционалниот концерт по повод празникот „Василица“ оваа година ќе се одржи на 11 и на 13 јануари, со почеток во 20:00 часот, во Националната опера и балет.

Публиката ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии и дуети од светски познатите дела од композиторите Џ. Верди, Ф. Чилеа, Џ. Пучини, П. Маскањи, Г. Доницети и други.

Под диригентската палка на гостинот од Шпанија, Оливер Диаз, врвен диригент, добитник на голем број престижни награди и признанија, ќе настапат гостите од Шпанија, Ирене Палазон, сопран, и Хозе Луис Сола, тенор, заедно со оркестарот на Националната опера и балет.