„Интимност и интерконекција“ е насловот на биеналната изложба „Зимски салон 2024“ што ќе ја отвори Друштвото на ликовните уметници на Македонија в четврток (22 февруари) во 20:00 часот во Националната галерија – објект Чифте амам.
Ова е една од најзначајните групни изложби и претставува селекција на ликовна продукција на тема одредена од интернационален куратор.
Годинава селектор на делата е Оксана Карповец, кураторка од Украина, чиј концепт претставува истражувачко поле во кое уметниците ги претставуваат сопствените релации со темата во различни ликовни медиуми.