Трајанов: Парламентот да расправа за законите за една ИЕ и за монтираните судски процеси

Сподели

 

На денешната пленарна седница на Парламентот, Павле Трајанов, побара да се отвори расправа за измените на Изборниот законик, со кој се предлага Македонија да биде една изборна единица, како предлог на поголем број пратеници и определба на граѓаните, потсетувајќи дека за системските предности за четирите партии да расправа и Уставниот суд. Трајанов нагласи дека со изборните правила мора да се создадат услови за рамноправен политички натпревар.
 
Трајанов побара Парламентот да расправа и за предлог законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка со кои се создаваат услови за монтираните судски процеси да се повтори постапката и обезбеди фер судење и можност за неправедно осудените да презентираат нови факти и докази клучни за донесување на судска одлука, елиминирајќи ги политичките и влијанијата на криминалните центри на моќ.