Трамп е единствен претседател на САД кој го започнал мандатот со негативен рејтинг

Сподели

Помалку од половина Американци сметаат дека новиот американски претседател Доналд Трамп добро ја извршува неговата работа, покажува најновата анкета на дневникот „Волстрит журнал“.

Според истражувањето што е спроведено во периодот од 18 до 22 февруари, а објавено вчера, 44% од испитаниците го одобруваат начинот на кој Трамп раководи со земјата, 48% не го одобруваат, додека 8% немаат определно мислење.

Исто така, 32% од испитаниците наведоа дека во првиот месец од управувањето се покажало дека претседателот Трамп не е „зрел за да ја извршува функцијата“, јави „Гласот на Америка“.

Трамп е единствен претседател во современата историја на САД кој го започнал мандатот со негативен рејтинг – минус четири.