Американскиот претседател Доналд Трамп е една од главните теми во сезоната на карневалите што се одржуваат во западна и јужна Германија.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, американскиот претседател во сите модели на маски со неговиот лик е опишан во негативна конотација.
Во Дизелдорф, Трамп е прикажан заедно со екстремно десничарската кандидатка за француски претседател Марин Ле Пен, холандскиот националист Герт Вилдрес и Адолф Хитлер, со порака „Русото е ново кафено“.
На друга маска, Трамп е прикажан како ја силува „Статуата на слободата“, а на трета е прикажана изменета насловната страница на магазинот „Шпигел“ на на која наместо Трамп, Статуата на слободата ми ја сече главата на американскиот претседател.
Предходно поради користење на нивни маски на германските карневали реагираа полскиот политичар Лех Качински и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.