Трамп го повика Абас во посета на Белата куќа

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа телефонски разговараше со палестинскиот претседател Махмуд Абас и во таа прилика го повика да ја посети Белата куќа, јавува Anadolu Agency (AA).

Кабинетот на претседателот на Палестина соопшти дека Трамп го повикал Абас во посета на САД за да се обидат да изнајдат начин да покренат мировен процес со Израел.

Трамп истакна дека се залага за мировен процес кој би довел до траен мир помеѓу Палестинците и Израелците.

Од друга страна, Абас порача дека го поддржува дводржавното решение и дека се залага за мир како стратешки избор.

Ова беше прв разговор на двајцата лидери откако Трамп ја презеде должноста претседател на САД во јануари.

Anadolu Agency