Министерот за правда на САД, Вилијам Бар, објави дека истрагата на специјалниот советник Роберт Милер покажала дека за време на кампањата за претседателските избори, нема докази дека Доналд Трамп и неговите советници не соработувале со Русија во обид да се наместат претседателските избори во 2016 година.
Заклучокот од истрагата на специјалниот обвинител Милер претставува разочарување за сите оние кои сметаа дека докажувањето на скандалот со Русија ќе значи и крај на претседателството на Доналд Трамп.
Претседателот на САД се чувствува „целосно ослободен“ од заклучокот на извештајот на обвинителот Милер. Но другите истраги за неговата администрација и неговиот бизнис ќе продолжат, предупредува Александра фон Намен.
Серија истраги за потенцијални илегални активности и нерегуларности во бизнисот на Трамп течат, како во Конгресот така и во државата Њујорк. Веројатно ниту една од нив нема да го отстрани претседателот од функцијата, но можат да доведат до тоа Трамп да мора да застане пред лицето на правдата- порано или подоцна.
Тековните истраги можат и политички да му наштетат на Трамп. И покрај тоа што најлојалните следбеници ќе му останат верни додека остатокот од државата е уморен и папсан од него, на многу Американци им е преку глава од нивниот претседател кој секојдневно е вовлечен во нов скандал.