Треил трка за вино и љубов „Стартувај, уживај, радувај се! Во тебе е клучот“

Сподели

 

Под мотото „Стартувај, уживај, радувај се! Во тебе е клучот“, се одржа втората Треил трка за вино и љубов, која е инспирирана по примерот на винските трки во Франција, Италија и единствена од ваков тип во Неготино.

Треил трката и годинава ја постигна целта-да трчаме за забава и уживање во природа. Трчачите ги истрчаа своите 8 километри, а потоа заедно со дегустаторите уживаа во вината и храната од неготинскиот крај. Трчачите заминаа со своите награди, а дегустаторите со своите импресии. Сите заедно на крај заминаа со полни очи убавина, полна плуќа свеж воздух и полно срце радост.

Организаторот на настанот ДЕКОНУС, дооел, Скопје, заедно со поддршката од Општина Неготино и во соработка со планинарското здружение Фри Хајкерс собирајќи ги своите впечатоци ветија дека трката ќе продолжи и ќе биде дел од традицијата на винскиот Дисански крај и Неготино, како и дека ќе ја задржи својата автентичност по која се издвојува од обичните треил трки.

 

 

Имено, и оваа втора трка беше повеќе забава и дружење, а помалку трчање и натпревар. Учесниците до целта стигнаа уживајќи во трчањето, но и задолжително застанувајќи на местата за дегустирање каде што секој учесник мораше да дегустира дел од понудата на генералниот поддржувач на трката и спонзор, винарија Венец. Останатите поддржувачи на трката винариите Парагон, Максимилијан, Вардарска долина, Орешкови, Цветкова, како и  Пчеларникот Шишков, Агрокалем, Росал ДС и Кожувчанка се вклучија во делот за дегустирање на понудата од нивниот асортиман.

На трката можеа да се пријават и да земат учество цели семејства што ја прави и по малку фамилијарна трка со можност за семејна дружба, но и за здобивање на здрави навики од мали нозе.

Трката е организирана од неколку храбри жени кои влегоа на тотално машки терен бидејќи до сега организацијата за било каков вид на трки им беше препуштена само на мажи. Сепак ветер во грб добија од општина Неготино и планинарскиот клуб Фри Хајкерс.

Посебно благодарам изразуваме до градоначалникот д-р Горан Стојанов кој во своето обраќање рече дека во Треил трката за вино и љубов препознале настан кој може да биде и веќе станува дел од традицијата на овој вински крај.

Сунцича Арсовска организаторот и управител на ДЕКОНУС поздравувајќи ги присутните посака во уште поголем состав да се дружат со учесниците и догодина и дека со оваа втора трка се постигнува целта и дека концептот по кој е организирана е концепт кој нуди спорт, забава и уживање.

Претседалетот на Фри Хајкерс, Ахмет Муратов рече дека ваквите иницијативи се благодет за Дисанскиот, кој е крај што нуди многу можности за Неготино и околината.

На крајот од трката и дружењето најуспешните добија награди во своите категории.

ДЕКОНУС им заблагодарува на сите уживатели на природата кои беа дел од оваа наша дружба.

Стартувај, уживај, радувај се! Во тебе е клучот.