Три нови земјотреси утрово беа регистрирани во централниот дел на Италија, од кои последниот беше со интензитет од 4,2 степена, соопшти Медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на последниот потрес се наоѓал на 124 километри североисточно од Рим и бил на длабочина од два километра под површината на земјата.
Според истакнатиот италијански сеизмолог Џанлука Валенсисе, земјотресите кои го погодија централниот дел на Италија во последните два месеца би можеле да продолжат како домино ефект, така што еден силен потрес би можел да води кон друг долж централниот Апенински систем. Потрес со интензитет од 6,6 степени, според Рихтерова, скала ја погоди вчера оваа област, во која на 24 август загинаа 297 луѓе при земјотрес со интензитет од 6,2 степена.
Меѓу овие два земјотреса регистрирани се илјада помали потреси.