Трибина: Ако не се замараме со политика, ќе се замараме со проблеми

Сподели

tribina

Правото на глас е нешто лично и тајно, што никој не смее да го забрани, или пак, да го уценува. Тоа е гласот со кој граѓаните се спротивставуваат и не соучествуваат во работи што не ги одобруваат, но не треба да дозволат ниту некој да им го одземе, бидејќи тоа е добиено по долгогодишна борба на нивните предци.

Ова е заклучокот од вториот настан „На глас“, кој се одржа во Велес, кој треба да ги поттикне младите да го изразот својот став на престојните избори.

Според студентката Сара Миленковска, младите треба да сфатат дека правото на избор е првиот чекор кон еманципирање, односно шанса тие за првпат да станат активен член на заедницата во која припаѓаат. За неа, гласањето значи дека луѓето се обидуваат да ги приметуваат работите што влијаат врз нив, наспроти како што вели, медиумската и образовната пропаганда, кои ги тераат младите да мислат дека нивниот глас нема вредност.

„Бидувањето сведок на одредени работи вас ве прави соучесници. На некој начин, ако ние гледаме дека се прави некаква неправда и дозволуваме таа да продолжи , ние учествуваме со избирање на идејата дека не треба да гласаме, односно да се согласиме дека нешто што е погрешно да продолжи да постои“, рече Миленковска.

Како претставник на младите, вели дека би сакала нејзиниот глас да биде слушнат, но ги повика и останатите да го кажат она што го мислат на денот кога тоа всушност би направило некаква промена – на денот на изборите.

„Јас би излегла да гласам и сметам дека сите ние што сме над 18 би требало да го направиме тоа, затоа што искрено бирам да не бидам соучесник во негативните работи коишто се случуваат. Целта ми е ако сакам да бидат слушната, треба да го насочам мојот глас кон местото каде што ќе ме слушнат. Ако сакам да бидам претставена, ако имам свои идеи, единствениот начин на којшто можам да ги направам е да ги кажам, а тоа е да излезам да гласам“, подвлече таа.

Но, според Миленковска, активен граѓанин се гради уште од самиот почеток на образовниот процеси. Таа вели дека младите треба да се замараат со политика, за утре кога ќе излезат од училишните клупи да не се замараат со проблеми.

Токму во областа на образованието, со свој став се јави и професорот на Правниот факултет и докторанд Марко Кртолица. Тој на наједноставен начин им објасни на младите кои го слушаа неговото обраќање, дека изборите се тие кои некому му даваат моќ да одлучува место нив, односно граѓаните се тие кои им даваат легитимитет на пратениците да зборуваат во нивно име од говорницата.

„На крајот на денот, битно е какво општество ќе оставиме. Вие сте млади, но ќе треба да размислувате какво општество ќе оставите за вашите деца. Така што, и да нема добри кандидати не значи дека треба да останеме неми. Треба да има дадеме до знаење дека не се добри, одиме на избори, правиме неважечки гласови, или може и ние да влеземе во политиката. Но, не треба да бидеме апатични, бидејќи некому тоа му одговара“, нагласи тој.

Кртолица ги повика младите да бидат активни пред престојните и некои идни избори, со својот глас да придонесат во општеството, а со тоа да има луѓе кои ќе бидат добар избор.

Текстот во целост прочитајте го тука