Трио „Аура“ ќе одржи концерт на фестивалот „Златна лира“

Сподели

На програмата на фестивалот „Златна лира“, денеска (31 октомври) во 20:00 часот во Музејот на македонската борба е концерт на Трио „Аура“ (добитници на наградата „Златна лира“ во 2023 година).

На концертот  ќе бидат изведени дела од композиторите Т. Јанса, Ф. Девиен, М. Бонис, З. Новачиќ, Х. Битфинк.

Камерниот состав Трио „Аура“ го сочинуваат тројца истакнати македонски музички уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски, кои истовремено се редовни професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје.