Во недела на 26 декември, по пауза од една година, повторно ќе се одржи традиционалната Coca-Cola Дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во главниот град.
Трката покрај натпреварувачки има и забавен карактер па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само 2 километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители.
Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk. Учеството во трката чини 400 денари, а за првите 200 пријавени следува целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада.
За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците.
Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 10 часот на денот на трката., Скопје
Трката ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв, со поддршка на Coca-Cola и градот Скопје.
The post Трката на дедомразовци се враќа во Скопје – Еве каде може да се пријавите! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico