Фијат Цановски, сопственикот на комплексот „Космос“, на денешното рочиште за случајот „Т.Н.Т.“ на СЈО, пред судот кажа дека уривањето било политичко и дека ќе бара отштета од државата и обвинетите. Посочи дека нивната штета според неколку вештачења кои биле направени изнесува околу 40 милиони евра.
Случајот се наоѓа во доказна и постапка и денешното рочиште продолжи со читање на доказите на сведоците Мери Станчевска, која е недостапна за органите на прогонот, како и од Трајко Трпевски кој починал во јули 2018 година, денеска продолжи рочиштето за предметот на Специјалното јавно обвинителство.
Меѓу обвинетите во случајот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски.
Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.