Царовска во Вашингтон: Намалување на детската сиромаштија и проблемите на децата од улица

Сподели

 

 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска при официјалната посета на Вашингтон, САД се сретна со Марсиа Еугенио, директорка на канцеларијата за детски труд, присилна работа и тргoвија со луѓе во Стејт Дeпaртментот. На состанокот на којшто присуствуваше и целиот тим на Канцеларијата, Царовска и Еугенио разговараа за реформите коишто Република Северна Македонија ги направи во делот на детската заштита но и за идните процеси поврзани со детската заштита.

Царовска рече дека за трајно решавање на детската сиромаштија многу е важна социјалната реформа којашто веќе се спроведува во Северна Македонија. Со неа се извлекуваат најранливите од сиромаштија и истата значи за 20 пати поголем опфат на деца во користењето на детскиот и образовниот додаток, но истовремено и обврска децата редовно да посетуваат училиште. На овој начин се намалува детската сиромаштија, и се овозможува безгрижно детство, детство кое е целосно ослободено од насилство, експлоатација и злоупотреба и ги вклучува децата во образовниот процес.

Царовска истакна дека изминатиот период Министерството за труд и социјална политика презема активнoсти за решавање на проблемите со бездомите семејства и нивните деца. Таа истакна дека единствен начин да ги детектираме и да почнеме да ги решаваме проблемите со кои се соочуваат децата на улица е да работиме одблизу со нив и нивните семејства, да им овозможиме континуирана помош и поддршка. Токму затоа, ги јакнеме мобилните тимови на Центарот за социјални работи кои постојано се на терен и работат со семејствата. Досега тимовите идентификуваа вкупно 251 дете на улица и поголемиот дел од нив се без документи, но со директна работа со семејствата децата постепено се внесуваат во образовен процес и редовно ги посетуваат дневните центри за деца на улица – се наведува во соопштението на МТСП.