Цените на производите на “Жито Лукс” остануваат непроменети

Сподели

 

“Како општествено одговорна компанија во време кога државата и граѓаните се соочуваат со закана од ширење на вирусот КОВИД 19, сакаме да ги информираме граѓаните дека цените на сите производи на компанијата остануваат непроменети.

Во јавноста се појавуваат шпекулации за наводно поскапување на производите. Поради тоа, сакаме да потенцираме дека големопродажните цени на “Жито Лукс” кон трговците и нашата препорака за малопродажните цени остануваат исти. Малопродажните објекти, како и досега, законски имаат слобода сами да ги формираат финалните продажни цени на производите од сите производители.

Во “Жито Лукс”, сите производствени капацитети работат нормално со секојдневна испорака на производи и затоа нема потреба од создавање залихи во домовите” – се наведува во денешното соопштение на “Жито лукс”.