Ципрас во трка за кинески инвестиции

Сподели

cipras-sobranie-1

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, во трка за нови кинески инвестиции, денеска почнува со официјалните средби со кинескиот државен врв и со голем број кинески бизнисмени.

Тој денска ќе се сретне со премиерот Ли Кечијанг, ќе има средби на двете владини делегации и потпишување на билатерални договори, ќе учествува на кинеско-грчки бизнис-форум, а утре ќе има средба со претседателот Си Џипинг.

В среда Ципрас ќе се сретне со првиот човек на КОСКО, компанијата која го презеде пристаништето во Пиреја, претседателот на веб-страницата за интернет-купување „Алибаба“, првите луѓе на технолошката ЗТЕ и на инвестициската компанија „Фосун“.

Грција се надева преку оваа посета да се отвори можност за продлабочување за економската, туристичката соработка, но и соработката во секторот на новите технологии со Кина. Ципрас по средбата со технолошкиот гигант „Хуавеи“, најави и формирање на нов технолошки парк во Атина, каде ќе се работи на развивање на новите технологии.

Во интервју за кинеската телевизија ЦЦТВ, Ципрас истакна дека договорот меѓу Грција и КОСКО за приватизација на пристаништето во Пиреја го отвора патот за зајакнување на стратешката соработка меѓу Грција и Кина, посочувајќи дека меѓу двете земји постои голема можност за туристичка и за културна соработка и размена.

meta.mk