ЦИВИЛ – Центар за слобода под мотото „За слобода! – граѓанското новинарство за слободата на изразувањето“, на 15-ти септември, четврток, со почеток во 19:00 часот, ќе го презентира проектот за граѓанско новинарство „Граѓански објектив“, на платото пред Универзитетот на ЈИЕ, во скопската Стара Чаршија.
Тимот на ЦИВИЛ ќе ги проектира досега наградените трудови на граѓанските новинари во рамките на натпреварот „Биди граѓански новинар“, а членовите на тимот ќе бидат достапни да одговорат на прашањата на заинтересираните граѓанки и граѓани.