Црвен крст ја одбележува „Неделата на грижа на старите лица“

Сподели

 

Црвениот крст на РС Македонија од 20 до 26 ноември 2023 година ја одбележува „Неделата на грижа на старите лица“ под мотото: „Сите сме нивни деца“.

Целта за одбележување на неделата е да се подигне јавната свест за потребата од зголемена интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот, како и потреба за обезбедување грижа и помош на старите лица.

Поддршка во одбележување на неделата е обезбедена од страна на УНФПА, со која организација Црвениот крст на РСМ остварува соработка на актуелни прашања наменети за старата популација, како и здравствена превенција на ранливи целни групи население.