ЦУК: Од активни 41 пожари, 26 се изгаснати, активни се 6

Сподели

Центарот за управување со кризи инфомира дека на територија на државата имаше вкупно 41 пожари на отворен простор, од кои во моментов 6 се активни, 9 се под контрола и 26 се изгаснати, информираат денеска од ЦУК.

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека на Плакенска (Илинска) планина на подрачјето на Општина Демир Хисар пожарот е активен, каде што гори сува трева на потегот од селата Вирово, Слоештица, Базерник и Мало Илино. Најаларманто е над Базерник и Мало Илино каде што огнот се доближува до букова шума. Контактиран е градоначалникот на општина Демир Хисар и на терен е упатена една екипа од ТППЕ Демир Хисар со 3 пожарникари.

РЦУК – Скопје, известува дека пожарот во атарот помеѓу селата Драчевица и Црвена Вода, м.в.„Темна Бука“ (Општина Студеничани), што започна од 04.08.2024 година се уште е активен. Опожарена е мешана ниска и висока вегетација. Во текот на денот интервенирале 4 лица од ЈП НШ Караџица, Скопје. Пожарот е смирен и е забележано чадење на неколку места. Поради ветерот, пожарот е засилен и е повторно активен.

Пожар во атар на мв „Дрешница“ над с.Батинци (Општина Студеничани) каде што е опожарена мешана ниска и висока вегетација. Во текот на денот интервеинрале 2 лица од ЈП НШ подружница за скопскиот регион „Караџица“, Скопје. Според последните информации уторво се забележува чадење.

БППЗ на Град Скопје, со 9 пожарникари и 3 ПП возила, од 12:20 часот, гаснеле запалена сува трева кај с.Градманци. Пожарот е активен во атарот на с.Дивље (Општина Петровец);

Од 12.35 часот, БППЗ на град Скопје со 5 пожарникари и 2 ПП возила, и 2 лица од ЈП НШ Караџица – Скопје, интервенираат поради запалена мешана вегетација, на неутврдена површина помеѓу селата Долно Количани и Горно Количани (опш.Студеничани). Поради непристапност на теренот, БППЗ од 16:00 часот се повлечени.

Во период од 17.30 часот во с.Средно Блаце гаснат мешана вегетација, на неутврдена површина. Интервенцијата ја извршуваат со 1 пп возило и 3 пожарникари. На лице место има присутно и 2 лица од Караџица. Пожарот е изгаснат (Општина Чучер Сандево)

Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека пожарот на Илинска Планина што зафаќаше делови од општините Охрид и Демир Хисар е проширен на територијата на Опшина Дебрца. Пожарот е активен и е навлезен во шума во атарот на с.Брежани на непристапен терен каде што тешко може де се гаси. Вчера на терен имаше 5 пожарникари со 1 моторно возило и околу 10 лица од ЛС Дебрца и ШС Галичица коишто се активни во гасење на пожарот. Во текот на денот во негово гаснење интервениралеи 2 хелихоптера – еден српски и еден од МВР. На терен е ангажирана и една тешка машина што прави засесоци на теренот.

Пожарот во околината, на потегот на селата Косел – Вапила – Опеница – Расино, Општина Охрид што се појави на 4 различни точки во Охрид е целосно изгаснет. Во текот на денот на терен ќе има 10 лица од ЈП „НШ“ – подружница „Галичица“ да го контролира теренот чади уште маку во внатрешноста нема никаква опасност од негово проширување.

Пожарот на планината Галичица е локализиран. Во текот на денот на пожарот дејствуваше екипа од 10 лица од НП Галичица и од Единицата за спасување на планина од Црвен Крст – Охрид и 5 пожарникари од ТППЕ-Охрид, при што истите се префрлени со хелихоптер до местото на пожарот, исто така дејствуваа и 2 авиона „ер трактор“. За денес изутрина се планира екипа од НП „Галициа“ да оди да го провери местото на пожарот.

Кракот на пожарот кон с.Тажево е под контрола, на терен во текот на денот имало една екипа од ЈП НШ којашто ќе носи само храна. Кракот на пожарот кон с.Брезница е активен. На терен во текот на денот имало 2 пожарникара од ТППЕ-М.Брод со 1 ПП возило, 30 припадници на АРМ и 40 припадници на Унгарски специјални сили со сопствена софистицирана теренска опрема за гаснење шумски пожари. Истовремено се дејствува врз делови од пожарот и од воздух со 1 хелихоптер, што според можностите, неколку пати фрлил вода.

Пожарот во атарот на селато Латово-Планица е под контрола, а чади само внатрешно, при што на терен во текот на денот немало лица за интервенција.

Пожарот во атарот на с.Слатина, Општина Македонски Брод е активен, гори нискостеблеста вегетација. На местото на пожарот во текот на денот интервенирале 2 лица од ТППЕ – Македонски Брод со 1 моторно возило од ЕЛС Македонски Брод.

Во 19.00 часот, започант е пожар на мешана шума во атар на с.Зајас. Во гаснењето на пожарот интервенираа 4 лица од ЈП НШ подружница Лопушник од Кичево.

Регионалниот ЦУК Велес, известува дека вчера во 1.:06 часот, е започнат пожар помеѓу селата Ореше и с.Папрадиште, Општина Чашка. Со пожарот е зафатена површина насадена со млади насади од шума. Во гаснењето на пожарот во текот на денот интервенирале 5 пожарникари со 1 ПП возило и 5 лица од ЕЛС Чашка.

РЦУК – Штип, известува дека според последните информации пожар кај Пониква, се однесуваат на повторно разгорување на крак од актуелниот пожар кај селото Зелени Град (а и кај с. Јамиште) кон м.в. „Панаѓур“. Се работи за пожар на којшто не може да му се пристапи од територијата на Општина Пробиштип, но е пристапно од кочанската страна, па затоа се ангажирани сили од Кочани. Во контакт со ЈП НШ подружница Осогово подружница Кочани и ТППЕ Кочани не известија дека на интервенција ЈП од Кочани 1 ПП мв со 4 вработени, од ТППЕ Кочани 1 ПП и 3 пожарникари и 2 доброволца од ДПД Кочани. Според последните информации пожарот е се уште активен.

Депонијата во Делчево сосема малку тлее во внатрешноста, но нема опасност од проширување на огнот. На лице место е едно лице (чувар) вработено во ЈКП„ Брегалница“ кое ја следи состојбата со депонијата.