Цветанка Иванова, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, денеска на собраниската Комисија за прашања на изборите и на именувањата е именувана за генерален секретар на Собранието.
Претходно Комисијата одлучи да го разреши досегашниот генерален секретар, Жарко Денковски.
По изборот на Иванова, седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и на именувањата беше прекината на третата точка на дневниот ред. Членовите на Комисијата требаше да се изјаснат за предлозите за заменици на претседателот на Собранието на РМ. Продолжението на Комисијата ќе биде дополнително закажано.
Претходно пратениците не го изгласаа предлогот на пратеникот Димитар Стевананџија, кој бараше Комисијата да изгласа заклучок Собранието да објави одлука за избор на генерален секретар и за заменици на генералниот секретар преку конкурс.