Тунтев: СДСМ поднесе закони за намалување на патните трошоци на пратениците

Сподели

Пратеничката група на СДСМ и здружената коалиција денеска до Собранието достави Предлог-закони за измени на Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани функционери и на Законот за пратениците, со кои се предлага намалување на висината на надоместокот за патни трошоци за користење на сопствено возило во службени цели, што го добиваат пратениците и другите избрани и именувани функционери, како и отстранување на сите можности за евентуални злоупотреби.

Интенцијата на пратениците на СДСМ е овој надоместок што го добиваат пратениците да се намали за половина, односно неговата висина од 30 проценти да се намали на 15 проценти од цената на литар гориво по изминат километар.