Турција: 100 евра казна за неносење заштитна маска

Сподели

 

Во 48 турски провинции задолжително е носење заштитни маски, а за оние кои не ги почитуваат тие одредби, предвидена е казна од 900 турски лири или околу 100 евра, пренесува „Хаберлер“.

Турските власти воведоа обврска за носење маски во трите најголеми градови, а во сабота, поради студентските испити ќе воведат ограничен полициски час за да се спречи ширењето на коронавирусот, по порастот на нови случаи по повторното отворање на многу компании.

Гувернерите на Истанбул, Анкара и Бурса соопштија дека маските ќе бидат задолжителни врз основа на препораките на научниот советодавен совет.

Турција бележи пораст на бројот на новозаразени, а Министерството за здравство соопшти дека во последниот месец, дневниот број на нови случаи е околу 600 само во Истанбул, кој е најнаселен град во земјата со 15 милиони жители.

Од почетокот на епидемијата во Турција, потврдени се повеќе од 184.000, а починале 4.882 лица.

МИА