Турција: Истрага за транспарентот на кој Ердоган е претставен како цел

Сподели

Отворена е истрага против осомничените кои на митингот во Швајцарија, организиран од страна на група демонстранти, меѓу кои и ПКК, ДХКП/Џ, ЈПГ, истакнаа транспарент на кој турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше претставен како цел, јавува Anadolu Agency (AA).

Главното јавно обвинителство на Истанбул започна истрага против групата што истакна транспарент со фотографија на претседателот Ердоган, на црна заднина, со вперен пиштол во главата, на кој пишуваше: „Убијте го Ердоган“, и под сликата: „Со сопствено оружје“. Транспарентот беше истакнат на митингот организиран на 25 март, на плоштадот пред Федералниот парламент во Берн, главниот град на Швајцарија, а на него учествуваа група демонстранти, меѓу кои и терористичките организации ПКК, ДХКП/Џ, ЈПГ.

Осомничените се товарат за кривични дела како „членување во терористичка организација“, „навреда на претседателот“ и „вршење пропаганда за терористичка организација“.

Во писмената наредба на обвинителството од Дирекцијата за безбедност на Истанбул е побарано да ги идентификува осомничените што го истакнале транспарентот и овие информации да ги испратат до Обвинителството.