Турција ја поддржува кандидатурата на Финска и Шведска за НАТО

Сподели

 

Членката на НАТО, Турција се согласи да го поддржи членството на Шведска и Финска во алијансата иако првично се спротивстави за кандидатурите на нордиските земји заради нивната подготвеност да ги примат курдските милитанти, пренесе Би-би-си.

Министрите за надворешни работи од трите земји потпишаа заеднички безбедносен пакт кој се однесува на загриженоста на Турција.

Русија силно се противи на приклучувањето на двете држави и го искористи проширувањето на одбранбениот воен сојуз на Западот како изговор за својата војна во Украина. Но, инвазијата на Москва имаше спротивен ефект, со тоа што сега е отворен патот за двете земји да се приклучат на НАТО.

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека Шведска се согласила да ја засили својата работа на турските барања за екстрадиција на осомничените милитанти. Двете нордиски нации, исто така, ќе ги укинат своите ограничувања за продажба на оружје на Турција, рече тој.

Финскиот претседател Ниинисто рече дека трите земји го потпишаа заедничкиот меморандум „за да ја дадат својата целосна поддршка против заканите за безбедноста“.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон рече дека тоа е „многу важен чекор за НАТО“.

Кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека „го добиле она што го сакале“ од Шведска и Финска./Мета.мк