Во Истанбул денеска се уапсени 42 лица вработени во два Универзитета во Истанбул, поради наводна поврзаност со имамот Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организација на минатогодишните обиди за државен удар.
Турските власти издадоа вкупно 72 налози за апсење, а меѓу уапсените е и академикот Корај Чалишкан, изјави пратеникот на опозициската Народна републиканска партија, Огуз Кан Салиџи.
Вработените од двата истанбулски Универзитети се обвинети дека користеле апликација за шифрирани пораки Бајлок, за која Анкара смета дека е направена специјално за приврзаниците на Ѓулен.
Меѓу лицата за кои се издадени налози за апсеење се и 19 професори од медицинско училиште.
Во меѓувреме јавниот обвинител издаде налог за апсење на 43 лица, вклучувајќи и шест лица, кои моментално работат во канцеларијата на премиерот и поврзани институции.
Повеќе од 50 илјади лица досега се уапсени поради поврзаност со неуспешниот обид за преврат, а сто илјади се отпуштени од јавниот сектор, вклучувајќи и професори, судии, полицајци и војници.