Турција: Во рамките на истрагата за ФЕТО, МВР суспендираше 265 службеници

Сподели

Министерството за внатрешни работи на Турција во рамките на истрагата за терористичката организација ФЕТО/ПДЈ од службена должност суспендираше 153 службеници на жандармеријата и 112 службеници на Крајбрежната стража

istanbul

АНКАРА (АА) – Министерството за внатрешни работи на Турција во рамките на истрагата за терористичката организација ФЕТО/ПДЈ од службена должност суспендираше 153 службеници на жандармеријата и 112 службеници на Крајбрежната стража, јавува Anadolu Agency (AA).

Терористичката организација ФЕТО на чело со Фетула Ѓулен кој живее во САД, е одговорна за низа криминални дела и обид за соборување на легалната и легитимна власт во Турција.

Истрагата за време на која се објавени изјавите на терористите на ФЕТО дадени во обвинителствата во Турција, покажа дека терористичката организација е одговорна за крвавиот обид за државен удар на 15 јули во таа земја.