ТУСК: Европската унија не е среќна поради излегувањето на Велика Британија

Сподели

-Европската унија не е среќна поради излегувањето на Велика Британија, – изјави денеска Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Поранешниот полски премиер откако официјално го прими известувањето за почетокот на Брегзит, истакна „Веќе ни недстигате. Ви благодариме и довидување“.

Тој посочи дека нема причина да се глуми оти денеска е среќен ден ниту во Брисел, ниту во Лондон.

– После се, поголемиот број Европејци, вклучително и речиси половината британски гласачи, сакаа да останеме заедмо. Лично нема да глумам дека денеска сум среќен, истакна Туск во одговорот на писмото на Велика Британија со која официјално го покрена процесот за излез од ЕУ.