Уапсени две лица во Бразил кои планирале напад за време на Олимпијадата

Сподели

brazilska-policija-BOPE-860x663

Две лица синоќа се уапсени во Бразил под сомнение дека подготвувале терористички напад за време на Олимписките игри кои се одржуваат во Рио де Жанеиро.

Како што јавуваат бразилските медиуми, уапсените се државјани на Бразил, но се претпоставува дека се приврзаници на групата Исламска држава. Идентитетот на уапсените засега не се открива, ниту пак се откриваат повеќе детали за полициската акција.

Локалните медиуми јавуваат дека полицијата претходно уапсила 12 лица за кои постои сомнение дека соработувале со ИД.

meta.mk