Уапсени шест осомничени терористи во Санкт Петербург

Сподели

Шест лица се уапсени во Санкт Петербург под сомневање дека регрутирале за Исламска држава и дека помагале терористички активности, соопшти руски истражител.

Нема докази дека уапсените, кои се граѓани на држава од Средна Азија, на кој било начин се поврзани со бомбашкиот напад во метро-станицата во Санкт Петербург во која загинаа 14 лица, а 50 беа повредени, соопшти руското државно обвинителство.

Уапсените од ноември 2015 година се активни и регрутирале други имигранти од Средна Азија за „терористички активности“ и за ИД, како и за други забранети исламистички движења, како што Фронтот Нусра.

meta.mk