Италијанската полиција го уби Анис Амри, соопшти Италијанскиот министер за внатрешни работи, Марко Минети.
Амри бил убиен во Милано, три часа по полноќ за време на рутинска контрола. Полициските службеници го запреле Амри и побарале од него да се легитимира, а наместо легитимација, тој извадил пиштол и почнал да пука кон полицијата при што бил рането едно лице. Амри, кој е по потекло од Тунис, е осомничено дека е извршител на нападот на божичниот базар во Берлин при што загинаа 12 лица а 48 беа повредени, пренесува 24 Вести