Убиени 8 ученици и чуварот во училиште во Белград

Сподели

 

Осум ученици и член на обезбедувањето загинаа во престрелката утринава во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград. Како што се наведува во соопштението на скопското МВР, ранети се шест деца и еден наставник, кои во моментов се згрижени во Ургентниот центар во Тиршова.

Ученик од ова училиште К. К. (14), кој е осомничен дека го сторил ова кривично дело, бил пронајден и уапсен во училишниот двор, информираат од МВР.
 
 
 
 
Полицајци со специјална опрема ја затворија целата област околу основното училиште кое се наоѓа во населбата Врачар. Училиштето е оградено со лента, а се пропуштаат само родителите кои трагаат по своите деца.