УЕФА донесе уште посилни санкции за Русија и сите руски клубови!

Сподели

УЕФА воведе нова мерка санкции против Фудбалскиот сојуз на Русија.

уефа

Руската фудбалска репрезентација нема да учествува во изданието на Лигата на нации за сезоната 2022/23, туку ќе се смета како репрезентацијата на таа земја да ја зазела последната позиција во Б лигата.

Ниту еден клуб од Русија нема да биде учесник во европските клупски натпреварувања во сезоната 2022/23, ниту машки ниту женски тим.

Санкции се изречени за сите помлади селекции на руската репрезентација, како и за футсал селекцијата. Засега сите тие санкции ќе бидат на сила до 2023 година.

УЕФА ја отфрли и кандидатурата на Русија за домаќин на Европското фудбалско првенство во 2028 и 2032 година.

The post УЕФА донесе уште посилни санкции за Русија и сите руски клубови! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico