Би сакале да ја изразиме нашата солидарност со народот на Франција и нашето искрено сочувство до семејствата на жртвите, се вели во соопштението од УЕФА
НИОН (АА) – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) е шокирана и длабоко потресена поради терористичкиот напад што се случи вчера во Ница, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сакаме да ја изразиме нашата солидарност со народот на Франција и нашето искрено сочувство до семејствата на жртвите. Исто така, сакаме да ја изразиме нашата солидарност со жителите на градот Ница, кој беше одличен домаќин на Купот на УЕФА, ЕУРО 2016 година”, стои во соопштението од УЕФА.
Во терористичкиот напад што се случи синоќа во Ница, кога камионот мина низ толпата за време на прославата на Бастилја, загинаа најмалку 84 лица, а десетици луѓе беа повредени.