Управата за јавни приходи денеска ќе го промовира проектот за поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на персоналниот данок на доход за даночни обврзници – физички лица.
Проектот се имплементираше во изминатата година и е финансиран од ЕУ во вредност од 98.530 евра.
Од УЈП сметаат дека проектот ќе овозможи поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на персоналниот данок на доход за фирмите и за граѓаните.