Утринава, голем пожар зафати складиште за муниција во градот Балаклија, во источниот дел на Украина, при што се евакуирани 20.000 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Складиштето во кое се сместени илјадници тони муниција, вклучувајќи ракети и артилерија, се наоѓа на 100 километри од зоната на судири со проруските сепаратисти.
Спасувачките тимови ја надгледуваат масовната евакуација на луѓето кои живеат во градот и во околните села.
Медиумите наведуваат дека муницијата во складиштето се користи за снабдување на воените единици во конфликтните зони.
„Би-би-си“ потсетува дека во декември 2015 година имало слични обиди за подметнување пожар во споменатото складиште.