УНГАРИЈА: ЈАВНОТО ОБВИНИТЕСЛСТВО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ФОТОРЕПОРТЕРИТЕ ОД СТРАНА НА ПОЛИЦИСКИТЕ СИЛИ

Сподели

_85585568_85585567

Јавното обвинителство на Унгарија одлучи да покрене истрага за случајот за физички нападнатите репортери од страна на припадниците на унгарските специјални полициски единици на границата со Србија, пред една година, пренесува Танјуг.

Здружението на новинари на Србија (УНС) соопшти дека по долгото премолчување на настанот, истрагата е поведена под притисок од неколку европски новинарски здруженија, меѓу кои и Европскиот центар за новинарски и медиумски слободи (ЕЦПМФ).

– “Покренувањето истрага е важен чекор. Тоа значи дека, иако унгарската Влада тврди дека физички напад врз новинари немало, Обвинителството мисли поинаку”, изјави Балаж Наваро, претставник на ЕЦПМФ.