УНИЦЕФ: Боко Харам сѐ почесто ги користи децата како бомбаши-самоубијци

Сподели

Меѓународниот фонд за деца (УНИЦЕФ) соопшти дека терористите на Боко Харам сѐ почесто ги користат децата во бомбашките напади и дека од јануари оваа година е извршен речиси ист број на напади како во целата мината година, пренесува Anadolu Agency (AA).

УНИЦЕФ, во извештајот објавен денес, соопшти дека во 2014 година најмалку 117 бомбашки напади во регионот на езерото Чад, во централна Африка, биле извршени од страна на деца, а речиси 80 отсто од нив биле девојчиња.

Мари-Пјер Поирјер, регионалниот директор на УНИЦЕФ, изјави дека секое запазување на децата во близина на трговски центри или контролни пунктови предизвикува страв. Како резултат на тоа, минатата година во Нигерија, Камерун, Нигер и Чад приведени се околу 1.500 деца.

„Децата се жртви, а не сторители. Принудувањето да сторат такви страотни дела е за осуда”, истакна Поирјер.

Оваа меѓународна организација ги презема сите мерки кога е во прашање рехабилитацијата на децата кои се ослободени од Боко Харам, бидејќи, како што наведуваат, многу се сигматизирани и исплашени.