“Во вонредна состојба се дозволија верски собири. Таа за мене несфатлива толеранција на државата кон црквата, беше дискриминаторска кон останатите граѓани и еве ефектите од тие погрешни одлуки се гледаат во повторното зголемување на бројките на заболени од Ковид”, објави на својот фб профил директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска..
“Денес, се објавува дека има потреба да остане во сила вонредната состојба и во исто време се објавува дека ќе има митинзи и одење од врата до врата? Штом се дозволуваат собири, не може да зборуваме за вонредна состојба и не ми кажувајте дека какви било протоколи при такви собири ќе можат да го заштитат јавното здравје! Граѓани се казнуваат заради повреда на полицискиот час со парична казна од 2000 евра но партиски митинзи ќе се дозволуваат! Ризично по здравјето на луѓето и дискриминаторски по однос на граѓаните кои ги почитуваат мерките повеќе од два месеци.”
ФБ статус, Уранија Пировска