Урсула фон дер Лајен и Борел во Киев на разговор со Зеленски

Сподели

 

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува МИА. Таа на Твитер објави фотографија на која излегува од владата во главниот град на Украина.

Во Киев со Фон дер Лајен отиде и високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. И тој се огласи на Твитер. „На пат кон Киев“, напиша тој.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша го посети Киев во средината на март како поддршка на Украина, заедно со премиерите на Полска и Чешка. Јанша, Матеуш Моравјецки и Петер Фиала беа првите странски лидери кои го посетија Киев по почетокот на руската инвазија на 24 февруари.