Урсула Ван дер Лејен е новиот претседател на Европската Комисија

Сподели

 

За претседател на Европаската Комисија е избрана германската министерка за одбрана, Урсула Ван дер Лејен на местото на Жан Клод Јункер.

Урсула Ван дер Лејден доаѓа од германската ЦДУ, членка на најборјната Европска народна партија, која за заменик на Јункер го предложи Манфред Вебер. Со тоа отпаѓа лобирањето на Франција  Италија и Шпанија на ова место да дојде социјалистот Франс Тимерманс.

На челното место на Европскиот Совет е избран белгискиот премиер Шарл Мишел. За ова место фаворит беше и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Висок претставник за надворешна и безбедносна политика ќе биде Џозеф Борел, на местото на Федерика Могерини.

Кристин Лагард , која доаѓа од челното место на Меѓународниот монетарен фонд е предложена за шефица на Европската централна банка.