Уште една државна институција го укинува албанскиот јазик од службена употреба

Сподели

Денеска откриваме уште еден неприфатлив чин од страна на државна институција – Државниот пазарен инспекторат го укина албанскиот јазик од службена употреба! Во неговите нови документи, албанскиот јазик е целосно избришан, со што се прекршуваат сите законски и уставни норми што гарантираат употреба на двата службени јазици, се наведува во денешното соопштение на ДУИ. 

 Овој чин не е техничка грешка – тоа е намерен акт и флагрантно кршење на јазичната еднаквост. Ова не е прв, а за жал, нема да биде ни последен случај. 

Станува збор за систематски обид за деградирање на политичко-правниот статус на Албанците, постигнат со Охридскиот договор. 

Тие што молчат пред оваа неправда се подеднакво виновни како и тие што ја спроведуваат оваа дискриминаторска политика. 

Ние нема да молчиме! Албанците ќе реагираат жестоко за еднаквост, правда и заштита на институционалното достоинство! 

Вреди се претворија во инструмент за газење на вредностите на еднаквоста и правдата. Народот и историјата ќе им го дадат заслужениот суд. 

Овој режим има објавено отворен напад против статусот на Албанците и се обидува со сите сили да направи ревизија на Охридскиот договор. Никаков обид да не направат граѓани од втор ред нема да помине! 

Еднаквоста не е предмет на преговарање – тоа е неотуѓиво право што ќе се заштити!

ДУИ, соопштение