Условна казна за Јордан Ристевски обвинет за „шамарите“ во Центар

Сподели

Јордан Ристевски, кој вчера призна вина за насилството во Општина Центар, е осуден на условна казна затвор од 6 месеци која ќе се изврши ако во следните две години стори друго кривично дело.

Поранешниот советник Ристевски, пред судот рече дека ја признава вината без закани, притисоци и уцени, давајќи ветување дека во иднина нема да стори кривично дело.

Пресудата веднаш станува правосилна бидејќи обвинетиот се откажа од жалба до Апелација.

0Ова е втора пресуда за нарачаните шамари во Центар, каде првообвинет е екс премиерот, Никола Груевски.