Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ) ги повикува сите студенти кои сакаат да ги откажат апсолвентските патувања и имаат потреба од бесплатен правен совет да се исконтактираат преку електронска пошта на studentskosobranie.ukim@gmail.com.
“УСС-УКИМ ги повикува сите студенти кои сакаат да ги откажат апсолвентските патувања и имаат потреба од бесплатен правен совет да не исконтактираат преку email на:
studentskosobranie.ukim@gmail.com
Во мејлот оставете ни информации за агенцијата со која треба да патувате, датумот на поаѓање, времетраењето на екскурзијата и ваш контакт телефон.
Во меѓувреме, миете ги рацете и социјалните контакти сведете ги на минимум” – апелираат од УСС-УКИМ на нивната фејсбук-страница.