Уставен ја отфрли иницијативата за Здружението “Културен Центар Иван Михајлов-Битола”

Сподели

 

Уставниот суд денеска одлучи да ја отфрли иницијативата со која се бараше поништување на Статутот и на Програмата на Здружението Културен Центар Иван Михајлов- Битола.

По утврдената фактичка состојба произлезе дека Здружението „Културен Центар Иван Михајлов Битола” е избришано од единствената база на податоци на Централниот регистар, односно не постои како правен субјект.

Согласно овие информации Уставниот суд воочи процесни пречки за да одлучува по иницијативата и со тоа исполнети се условите од членот 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд, за да ја отфрли иницијативата. 

Подносителот бараше поништување на актите со наводи  дека оспорените Статут и Програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетреливост.