Уставниот суд планирал да го укине СЈО уште денеска

Сподели

ustaven-sud-860x6701-860x670

Уставниот суд за денеска координирано со распуштањето на Собранието планирал да ја стави на дневен ред точката за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, но како што се одложи распуштањето на Собранието поради буџетот, така и ова е единствена среда каде што нема расправа за ниту една точка во судот, пренесува а1он.мк

Според извори на А1он, и покрај убедувањата на опозицијата дека такво нешто не може да се случи, Уставниот суд по распуштање на Собранието, сепак ќе ја стави на дневен ред точката за СЈО и ќе го укине. Ова е планот направен од одредени функционери во ВМРО-ДПМНЕ кои се опфатени со истражните мерки на ова обвинителство.

Ваквата задача и е доделена на Елена Гошева, чија кариера завршува на 1. ноември, кога истекува нејзиниот тригодишен мандат како претседателка на Уставниот суд, по што таа заминува во пензија.

Тука останува отворено и прашањето кој ќе избере судија на нејзино место, кога според Уставот на Република Македонија единствено Собранието избира уставни судии.

Власта денеска преку соопшетние побара од од СДСМ уште денеска да достави барање за распуштање на Собранието, а истото веќе го поднесе и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов